Пред се сакаме да ви се заблагодариме за времето кое ќе го посветите на нашата веб страна. Страната е наменета за оние кои поседуваат предмети кои имаат вредност и не сакаат само да се ослободат од нив. Веб страната овозможува поставување на тие предмети на аукција со што сопствениците би постигнале оптимална цена.
Од друга страна меѓу нас постојат голем број кои сакаат да ги имаат старите предмети во своите колекции или кои своите потреби ќе ги задоволат со купување на веќе користен предмет.
Веб страницата само претставува само врска помеѓу тие кои сакаат да продаваат и тие кои што сакаат да купуваат.
За да учествувате во аукциите како продавач или како купувач на почетокот е потребно да формирате своја сметка.
Формирање на сметка
Сметката ја отворате со притискање на копчињата „Регистрација“ или ако сте нов корисник и ако сакате да поставите предмет за продажба од страна на веб страната ќе ви биде понудено отварање на сметка.
Секој кој ќе формира сметка може слободно да учествува во продавањето и купувањето на понудените предмети преку надавање но во исто време задолжително е почитување на правилата и условите на самата веб страна.