Општи услови (регистрација)
Веб страницата е наменета за да ги поврзе оние кои имаат одредени предмети кои сакаат да ги продадат и оние кои ќе пројават интерес за да ги купат тие предмети. Ви препорачуваме добро да ги прочитате овие услови пред да отворите своја сметка на нашата веб страница.
Право да се суспендира или отстрани отворена сметка на веб страницата
Вие се согласувате дека оваа веб страна, без ваше одобрение и претходна најава, може да ја суспендира или затвори вашата сметка ако:
1. Не се почитуваат општите правила на оваа веб страна
2. Ако ви се наведени сомнителни предмети за продажба
3. Ако не ги купувате предметите за кои по завршувањето на надавањето имате понудено највисока цена
4. Ако веруваме дека вашето членство не е добронамерно за веб страната или за другите нејзини корисници
5. Ако повеќе од корисниците реагираат на вашето однесување
При тоа ќе биде суспендирана вашата сметка а ние од наша страна ќе продолжиме со истражувањето на вашето однесување на веб страната. Ако се покаже дека има причини и истражувањето даде позитивни резултати, вашата сметка ќе биде затворена.
Вашето однесување.
Вие сте целосно одговорни за вашите акции кои ги преземате додека се наоѓате на оваа веб страна. Мора да се осигурате дека нема да учествувате во продажба или купување на предмети кои се забранети за дистрибуирање со закон. Се обврзувате дека нема да ги кршите законските прописи на било кој начин со вашето однесување и преземените активности. Вие не смеете да користите, преку услугите кои ги нуди оваа веб страна, содржини кои се навредливи, малтретирачки, заканувачки, штетни, вулгарни, непристојни за останатите корисници. Не смее да се користи оваа веб страна за пренесување на материјали кои би можеле да потикнуваат однесување кое би можело да претставува кривично дело, да доведе до граѓанска одговорност или на друг начин да го крши законот и одредени прописи.
Членство.
Член на оваа веб страна може да биде секое физичко лице со наполнети 18 години и правно лице со кое може да се формира обврзувачки договор. Ако се утврди дека е формирана сметка од малолетно лице од страна на администраторот таа ќе биде без претходна најава затворена.
Општи Услови.
Веб страницата е наменета да ги поврзи оние корисници кои имаат поставено предмети за продажба по пат на надавање или лицитација и корисниците кои имаат за цел преку надавање да понудат највисока цена и да дојдат до продаваниот предмет. Веб страницата има за задача само технички да го овозможи процесот на надавањето. Корисниците кои продаваат/купуваат ист предмет по завршувањето на надавањето, користеќи ги податоците од веб страната меѓусебно комуницираат са деталите на самата продажба, транспортот на купениот/продадениот предмет и дополнителните трошоци кои се појавили при купо-продажбата. Оваа веб страна е само техничка подршка во самата лицитација и не презема никаква одговорност при самиот чин на продажба/купување на одреден предмет како и последиците кои можно би настанале од трансакацијата помеѓу купувачот и продавачот.Имајте во предвид дека на самата веб страна можно е да имаат отворено сметка лица со лажен идентитет.
Оваа веб страна нема да биде одговорна за било кои трошоци и штети кои произлегле од продажбата односно купувањето на одреден предмет, неговото дистрибуирање или дистрибуирање на паричните средства за негово плаќање. Меѓутоа ако сте жртва на измама веб страницата ќе ви помогне колку што може. Оваа веб страница не презема никаква одговорност за содржината на огласите кои ќе ги оставаат нејзините корисници.